Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Се решава работниот статус на 1.117 лица во здравството, ќе им се трансформира на неопределено време

Работниот однос на 1.117 лица кои работат на определено време како медицински и помошно-технички персонал, хигиеничари и возачи, со одлука на Владата, ќе им се трансформира на неопределено време, соопштија на заедничка прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски и министрите за здравство и за финансии, Фатмир Меџити и Фатмир Бесими.

-Инвестирањето во здравствени работници е една од најважните сегменти, за иднината во јавното здравство. Клучно за креирањето на здравствените политики е решавањето на статусот на лекарите, болничарите, техничарите, на медицинскиот и немедицинскиот кадар со трајно вработување, истакна министерот Меџити.

Тој појасни оти средствата за одобрените вработувања на неопределено време се обезбедени во рамки на јавните здравствени установи и Фондот за здравствено осигурување.

-Изминатиов период, иако во време на криза, инвестициите во здравството се големи. Инвестираме не само во опрема и инфраструктура, инвестираме и во кадар, зголемување на платите, додатоците на здравствените работници. Со вакви сериозни инвестиции во јавното здравје, помагаме да се зголеми квалитетот на услугата, да се олесни пристапот, до здравствените услуги и се стремиме на нашите пациенти да им овозможиме европско здравство, подвлече Меџити.

Најави дека и во наредниот период ќе продолжи инвестирањето во примарната здравствена заштита, во изградбата на нови и современи здравствени установи, како и инвестирањето во обуки и развој на младиот медицински кадар во земјава.

Според премиерот, задоволни здравствени работници, значи и задоволни пациенти.

-Тука пред сѐ сакам да истакнам дека се скратија и процедурите за вработување во јавните здравствени установи, за да овозможиме полесно и побрзо пополнување на местата испразнети со пензионирања, или на здравствените работници кои си заминуваат од здравствените установи. Ние сме свесни за ризикот на одлив на кадри во здравството и затоа како и денес правиме сѐ што е во наша моќ за да ги задржиме нашите кадри тука, нагласи Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен