Израелската војска и исламистичкото движење Хамас, кое управува со Газа, сè уште не се договориле за прекин на огнот што ќе овозможи испорака на хуманитарна помош за палестинската енклава, изјави воениот портпарол, додека камионите чекаа пред граничниот премин со Египет, кој останува затворен. .
– Граничниот премин Рафа се уште е затворен, изјави портпаролот на израелската војска Ричард Хехт. Разговорите досега беа фокусирани на безбедно минување на американските граѓани и ослободување на заложниците кои ги држи Хамас од 7 октомври.
Египетските камиони со хуманитарна помош стигнаа до самиот влез во Газа, на единствениот премин кој не е под контрола на Израел, но според безбедносни извори не се знае кога Израел ќе им дозволи да влезат за да му помогнат на населението кое е без храна и вода и медицински материјали.
Луѓето со двојно државјанство во последните денови стигнуваа до Рафа за да ја преминат границата, но почнаа да се повлекуваат поради воздушните напади. Египет вели дека Рафа не е официјално затворен, но е оневозможен поради израелските воздушни напади.
Претходно денеска, околу 160 камиони тргнаа од Ал-Ариш во египетскиот Синај, каде стотици тони меѓународна помош чекаат дозвола за влез. Портпаролот на ОН рече дека не е постигнат напредок во разговорите за отворање на Рафа, единствениот граничен премин меѓу Газа и Египет.