Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Се заканувале со нож и работен алат на свои роднини, полицијата ги уапсила

Двајца стружани биле приведени вчера поради закани со нож и работен алат кон членови на нивните семејства.

Во првиот случај, 42-годишниот С.К. од Струга бил приведен по пријава дека во семејната куќа со остар предмет се заканувал на својот 46-годишен братучед од Струга и оштетил дел од покуќнината.

Во вториот случај, 49-годишниот Б.Ш. бил приведен по пријава дека со работен алат се заканувал на членови на своето семејство.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти СВР Охрид.

Зачлени се на нашиот е-билтен