Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Се зголеми бројот на повредени во нападот Москва, меѓу нив и деца

Бројот на ранети во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва се зголеми на 145, соопшти вечерва Министерството за здравство на Московската област.

Како што пренесуваат руските медиуми, Министерството објави список на повредени граѓани кои се нашле во концертната сала, меѓу кои и седум деца.

Меѓу ранетите има и момче со прострелна рана, соопшти омбудсманот за правата на децата.

До имињата на повеќето од ранетите е испишана здравствената состојба која варира од полесни повреди до критична состојба.

Во нападот загинаа најмалку 40 лица.

Најново