Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Се зголемуваат тензиите, Блискиот Исток се приближува на работ на регионална војна

Блискиот исток се приближува на работ на регионална војна, која администрацијата на Бајден се обиде да ја спречи по смртоносните напади на Хамас против Израел на 7 октомври. Растечките напади принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови на границата меѓу Либан и Израел, додека израелските сили продолжуваат да го напаѓаат градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа.

Како што пренесува Њу Јорк Тајмс, според најновите ажурирања за состојбите на Блискиот исток, во Либан, убиството на лидерот на Хамас во Бејрут предизвикува страв од поширок конфликт на границата на земјата со Израел. Многу јужни села веќе се испразнија додека се интензивираат судирите меѓу Израел и Хезболах. Израел евакуираше повеќе од 80.000 луѓе на својата страна од границата.

Во јужниот дел на Газа, израелската војска продолжи да ги бомбардира областите во кои им порача на цивилите да се евакуираат поради жестоки борби, соопштија претставници на Палестинската Црвена полумесечина во Газа. Според властите во Газа, во последните три дена загинале десетици луѓе.

ОН соопштија дека нападите на Израел не оставиле никаде жителите да бараат засолниште од бомбардирањето.

Исламската држава ја презеде одговорноста за бомбашките напади во кои загинаа 84 лица во Керман, Иран.

Нападите на комерцијалните бродови во Црвеното Море од страна на бунтовниците Хути во Јемен ги оставија операторите на танкери со нафта да ги балансираат ризиците со губење на бизнисот.

Во напад на американско беспилотно летало во Багдад убиен е врвен водач на милитантна група поврзана со Иран. Ирачката влада го осуди нападот.

Подготви: Драган Мишев (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен