Седмо издание на Дигитален самит на Западен Балкан во Скопје

Граѓаните преку мобилен или компјутер со неколку клика да добиваат повеќе документи, намалување на редиците низ институциите, безбеден пристап до јавни и приватни услуги, технолошка поврзаност меѓу системите во регионот, заштита на податоците и подобрување на критичната електронска инфраструктура се дел од поентите на овогодинешното седмо издание на дигиталниот самит на Западен Балкан што се одржува во Скопје.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека Македонија како и останатите земји мора да го следат новото време, дигитализацијата е неопходна како и зголемување на интероперабилноста.

Дигиталната трансформација на јавниот сектор треба да ја направи попродуктивна и побрза  администрацијата.Оваа приказна за дигитализацијата не е само на потпишување меѓусебни декларации туку седум години се работи конкретно, вели генералниот секретар на Советот за регионална соработка Амер Капетановиќ.

Амер Капетановиќ – Ген. Секретар на советот за регионална соработка

– Воспоставивме зона на слободен роаминг на Западен Балкан и на тој начин остваривме конкретни бенефити за нашите граѓани. Со намалувањето на цените помеѓу Европска унија и Западен Балкан. Сега можам официјално да кажам дека се движиме кон тоа да се воспостави нулта тарифа роаминг со европската унија и е голем чекор во однос на интеграциите.

Властите очекуваат следните три години целосен дигитален идентитет за граѓаните и сите јавни услуги да бидат онлајн.

За прв пат овој самит се организира во 2018 та година, настан што ги обединува земјите од Западен Балкан во сферата на дигитализацијата. Настан со над 800 учесници од експерти, владини представници, академски институции и меѓународни партнери. Платформа за лансирање нови иницијативи за воспоставување на модел „роаминг како дома“ помеѓу регионот и Унијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен