Во писменото соопштение од кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши е наведено дека Комисјата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, која првично беше закажана за 5 септември со почеток во 17 часот, по договор на пратеничките групи преку координативен состанок ќе се одржи во среда, 10 септември.
„Истовремено, за истиот ден е предвидена и надзорна посета во просториите на Агенцијата за национална безбедност. Оваа одлука е во насока на зачувување на дигнитетот и интегритетот на Собранието и како резлатат на политичката култура и отворената дебата меѓу сите претставници во Собранието. Таа ја потврдува посветноста на транспарентност, одговорност и унапредување на демократските процеси во интерес на граѓаните“ пишува во соопштението од Кабинетот на претседателот.
На собранискиот сајт истата седница веќе по трет пат е закажана. На дневниот ред е точката насловена како „Предлог на заклучок за вршење на надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност во просториите на Агенцијата“.
Седницата на Комисијата за надзор над АНБ и АР, која беше свикана по наводите за незаконско прислушување во периодот од 2019 до 2024 година.