Секој фатен со ќеса ѓубре во раката од 22 до 6 часот, ќе плати 50 евра казна

Граѓаните не смеат да фрлаат ѓубре во контејнерите од 22 до 6 часот. Секој фатен со ќесата ѓубре во раката ќе плати казна од 50 евра.

Советот на Град Скопје на предлог на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изгласа одлука за ноќна забрана за фрлање ѓубре. Ова значи дека граѓаните не смеат да фрлаат ѓубре во контејнерите од 22 до 6 часот. Секој фатен со ќесата ѓубре во раката ќе плати казна од 50 евра.

Со ваквата забрана велат дека контејнерите ќе се празнат поефикасно и немало да се создаваат депонии околу нив.

„Ваквата практика јас сум ја сретнал во Истанбул и беше ограничена на 15 минути пред 5 часот кога смеете да фрлите ѓубре. Во Токио точно за секој камион за различен вид отпад исто беше точно предвидено времето кога се изнесува ѓубрето, кога се собира. Се надевам дека оваа практика ќе биде уште подобра кога ќе бидат воведени и различни корпи за селекција“, вели Даме Димитровски, претседател на Советот на Град Скопје

За советничката група на Левица, предлогот е скандалозен.

„Не може вината за нефункционалноста на комуналното претпријатие да се префрла врз граѓаните. Ограничувањето кога смеат да фрлаат ѓубре, па уште и со казни, е невиден скандал“, рече Катерина Јовановска од Левица.

Зачлени се на нашиот е-билтен