Секоја петта компанија во ЕУ користи вештачка интелигенција! Најмногу од нив има во нордиски земји

Највисок процент на вакви компании во 2025 година е забележан во Данска (42 проценти), Финска (37,8 проценти) и Шведска (35 проценти). На дното на листата се најдоа Романија (5,2 проценти), Полска (8,4) и Бугарија (8,5 проценти).

Во земјите на ЕУ, употребата на вештачка интелигенција во бизнисот брзо расте, а нордиските земји се водечки во однос на уделот на компании што ги користат овие технологии.
Во 2025 година, 20 проценти од компаниите во Европската Унија со десет или повеќе вработени користеле технологии за вештачка интелигенција (ВИ) во своето работење, што претставува солиден раст од 6,5 процентни поени во споредба со 13,5 проценти во 2024 година.

Во споредба со 2021 година (7,7 проценти) и 2023 година (8,1 процент), примената на технологии базирани на ВИ станува сè пораспространета меѓу фирмите во ЕУ, соопшти Европската канцеларија за статистика, Евростат.

Највисок процент на вакви компании во 2025 година е забележан во Данска (42 проценти), Финска (37,8 проценти) и Шведска (35 проценти). На дното на листата се најдоа Романија (5,2 проценти), Полска (8,4) и Бугарија (8,5 проценти).

Речиси сите земји-членки на ЕУ регистрираа зголемување на уделот на компании што користат технологии базирани на вештачка интелигенција во споредба со претходната година. Данска имаше најголем скок (+14,5 процентни поени), по што следуваа Финска (+13,5 п.п.) и Литванија (+12,5 п.п.).

Не верувајте слепо на вештачката интелигенција: Google ги предупредува корисниците да ги проверуваат информациите

Алатки за вештачка интелигенција

Најраспространетата примена на вештачката интелигенција во компаниите од ЕУ беше анализата на пишаниот јазик (11,8 проценти). Потоа следува употребата на вештачка интелигенција за генерирање слики, видео материјал, звук/аудио (9,5 проценти), потоа пишан или говорен јазик (8,8 проценти) и конвертирање на говорниот јазик во машински читлив формат (7,2 проценти).

Во споредба со 2024 година, најголем раст во употребата на вештачката интелигенција во текот на 2025 година е забележан во областа на анализата на пишаниот јазик (4,9 проценти), по што веднаш следува генерирањето на пишана или говорна содржина (3,4 проценти).

Зачлени се на нашиот е-билтен