На социјалните мрежи се појави видео од излетувањето на автомобилот од мостот Мајка Тереза во Скопје.
Од видеото од безбедносна камера на која се гледа како „киа-та“ буквално прелетува на булеварот и излетува од мостот. Возилото слета во реката Вардар. Несреќата се случи рано изутрина.
За настанот МВР објави соопштение.
-Денескаво 07.23 часот во СВР Скопје е пријавено дека патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски таблички, управувано од В.К. (32), ја пробило заштитната ограда на мостот Мајка Тереза и паднало во реката Вардар. В.К. е пренесн во ГОБ „8-ми Септември“ за укажување на помош, соопштија од МВР.