Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Северна Кореја истрела повеќе од 60 артилериски гранати долж спорната поморска граница со Јужна Кореја

 Северна Кореја денеска истрела повеќе од 60 артилериски гранати од територија во близина на спорната поморска граница со Јужна Кореја, објавија јужнокорејските вооружени сили,

Пјонгјанг и вчера истрела повеќе од 200 проектили во истата област во Жолтото Море, во близина на островите Јеонпјеонг и Бенјон.

Артилеријата била насочена кон северозападниот дел на островот Јеонпјеонг, а пукањето се случило денеска меѓу 16:00 и 17:00 часот по локално време, соопшти началникот на Здружениот Генералштаб на вооружените силите на Јужна Кореја.

Во соопштението се „повикува“ Северна Кореја да престане да презема активности кои го загрозуваат мирот на Корејскиот полуостров и ги зголемуваат тензиите

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново