Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Северна Кореја: Сакаат да не оцрнат, немa наши војници во Украина

„Тврдењата на Сеул „се насочени кон оцрнување на имиџот на Демократска Народна Република Кореја и поткопување на легитимните, пријателски и кооперативни односи меѓу две суверени држави“, изјави амбасадорот на Северна Кореја во Он.

Северна Кореја ги негираше информациите дека и обезбедува војници на Русија кои би можеле да се употребат во конфликтот во Украина. Постојаниот претставник на Пјонгјанг во Обединетите нации го опиша тврдењето на Сеул како „неоснована гласина“.

-Што се однесува до таканаречената воена соработка со Русија, мојата делегација не смета дека е потребно да ги коментира овие неосновани тенденциозни гласини, изјави севернокорејскиот претставник на седницата на Генералното собрание на ОН одржана доцна синоќа во Њујорк.

Претходно вчера, Јужна Кореја го повика рускиот амбасадор во Сеул за да побара „итно“ повлекување на трупите за кои вели дека биле испратени од Пјонгјанг за да ја поддржат Москва во нејзината војна против Украина, соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи.

Околу 1.500 севернокорејски војници од специјалните сили веќе се во Русија на аклиматизација и се очекува наскоро да одат на фронтот, соопшти во петокот јужнокорејското разузнавање. Според него, се очекува да бидат испратени вкупно околу 12.000 војници.

Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја, исто така, објави детални сателитски снимки за кои рече дека го покажуваат првото распоредување на севернокорејски трупи. Јужнокорејските медиуми објавија дека Сеул размислува да испрати делегација од воено разузнавачки претставници во Украина за да го надгледуваат распоредувањето на севернокорејските сили.

Јужна Кореја и САД долго време тврдат дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун испраќал оружје во Русија за употреба во Украина. 

Зачлени се на нашиот е-билтен