Северна Кореја соопшти дека тестирала хиперсонични ракети

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој за време на викендот присуствувал на проби на хиперсонични ракети, ја истакнал потребата од дополнително зајакнување на капацитетите за нуклеарно одвраќање на земјата, објави утринава државната агенција КЦНА.

Северна Кореја за вежбата информираше ден по соопштенијата на нејзините соседи, кои наведоа дека биле забележани повеќекратни лансирања на балистички ракети и го обвинија Пјонгјанг за нови провокации.

„Мораме континуирано да ги унапредуваме нашите воени средства“, изјавил Ким.

Според КЦНА, пробите биле одржани во неделата, само неколку часа пред јужнокорејскиот претседател да отпатува за Кина, каде што требало да се сретне со кинескиот претседател.

Целта на вежбата, како што се наведува, била да се тестира подготвеноста на хиперсоничниот ракетен систем, да се подобрат оперативните вештини на ракетните единици и да се процени нивната борбена способност.

Зачлени се на нашиот е-билтен