Северна Македонија е избрана за членка на Советот за човекови права на Обединетите нации.
Денеска, 9 октомври, Генералното собрание на ОН ги избра Бенин, Боливија, Колумбија, Кипар, Чешка, Демократска Република Конго, Етиопија, Гамбија, Исланд, Кенија, Маршалските Острови, Мексико, Северна Македонија, Катар, Република Кореја, Шпанија, Швајцарија и Тајланд да бидат членки Советот за човекови права за мандатот 2025-2027 година.
Советот за човекови права, со седиште во Женева, со неговите механизми и процедури – вклучувајќи го и Универзалниот периодичен преглед (УПР), истражните механизми со мандат од ХРЦ, специјалните процедури и договорните тела, како и техничката помош обезбедена од Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права (ОХХР) – има суштинска улога во обезбедувањето рано предупредување кршењето на човековите права, за факторите на ризик кои можат да доведат до злосторства против човештвото, етничко чистење, воени злосторства и геноцид, и даваат препораки за спречување на нивното повторување.