Елвис Шакири, еден од основачите на „Ромалитико“, организација посветена на застапувањето на Ромите во Северна Македонија, годинава беше добитник на наградата Глобални шампиони во борбата против расизмот (Global Anti-Racism Champions, GARC) што ја доделува Стејт Департментот на САД. Шаќири ја доби наградата поради „неговата клучна улога во ставањето крај на бездржавјанството на Ромите и им помошта на многу Роми да се движат во сложените административни системи за пристап до социјалните услуги“.
Со наградата Глобални шампиони во борбата против расизмот, на Елвис Шаќири му се оддава чест и признание за неговите напори да ги унапреди правата на Ромите и да се бори против дискриминацијата против Ромите во Северна Македонија.Елвис Шакири
Со Елвис зборувавме за тоа каква е реалната состојба на терен со Ромите и проив што се се бори и за што се залага
Трн: Кои се главните проблеми на Ромите и ромската заедница во земјава?
Елвис: Ромската заедница се соочува со голем број проблеми во македонското општество. Тоа се делот со домување, здравство и делот со вработување, меѓутоа и да не го заборавиме делот со расизам и дискриминација со кои ромската заедница со децении се соочува, не само во нашата држава, туку и генерално во Европа.
Трн: Постои ли прогрес и поместување во делот на решавање на овие проблеми?
Елвис: Зa жал состојбата на ромскатата заедница е сè уште иста како и во изминатите 30 години. Многу малку е направено, односно има некое поместување само во делот на образование од започнувањето на Декадата за Роми, кога донесовме како држава две стратегии, така да само во тој дел има некое поместување и тоа е благодарение на стипендиите кои што се доделуваа во средно образование. И ова повторно дојде како поддршка од страна на надворешни донатори односно во тоа време Ромскиот Образовен Фонд, финансиран од Џорџ Сорос, што подоцна нашата држава го презема како јавна политика. Па така, денес имаме поголем напредок само во овој дел. Инаку мора да кажам дека благодарение на стипендирањето, се појавија голем број на генерации кои што успешно завршија високо образование и магистерски студии.
Трн: Каква промена донесоа измените на Законот за Лична евиденција и колку тоа ги реши проблемите на голем дел од Ромите во делот на документите?
Елвис: Секогаш прашањето на Ромската заедница во државата пробуваше да се реши со некое дополнително решение, со некој паралелен систем кој што всушност уште повеќе ја ставаше нашата заедница во дискриминирана, односно стигматизирана позиција, меѓутоа со последните 4 законски измени, конечно оваа категорија на лица влезе во регуларното законодавство, односно може на регуларен начин со регуларна лична карта да се стекнат со одредено право.
Со претходниот закон беа мапирани некаде одкоу 700 лица, а изминатиот период ние како „Ромалитико“ успеавме да најдеме некаде околу 550 лица, со тоа што половина од нив добија извод со матичен број, додека половина добија извод без матичен број. Така да оваа половина без матичен број, веќе можат да извадат прва лична карта и да ги остваруваат основните права како секој граѓанин на нашата држава, меѓутоа остнатата поливина диополнително треба да се решава бидејќи има различни подкатегории. Меѓутоа, генерално сите овие поединци можат да уживаат одредени права и мора да кажам дека конечно во смисол на систем, државата ги донесе сите потребни законски решенија. Сега имаме проблем во имплементацијата на овие закони, така што во моментов сме фокусирани на локално ниво со надлежните центри како заедно со институциите на централно ниво полесно да имплементираат законот се со цел овие лица да се стекнат со основните права.
Трн: Колку се институциите отворени за вработување на Роми со високо образование?
Елвис: Имавме една група која влезе во системот и се вработија во државните институции, меѓутоа имаме еден поголем дел кои што за жал поради стигмата дискриминацијата, недоволната политичка претставеност во државата, не успеаа да го најдат своето работно место и за жал ние имаме лица со високо образование, со магистерски студии кои ја напуштиле државата и работат во Мекдоналдс или Бургер кинг во Германија. Така да, жално е што не се искориски капацитетот на овие лица да останат во државата и да допринесуваат како секој еден граѓанин.
Трн: Колку расизмот постои во секојдневниот живот на Ромите во сферите на социјално и оштествено живеење?
Елвис: Генерално општеството ни е етнички поделено и доминира стигмата и дискриминацијата кон Ромската заедница. Сведоци на тоа дека во 21. век лицата сè уште немаат пристап до вода, сè уште имаме полициска бруталност, каде што полицијата претепува лица од ромска етичка припадност само поради тоа што се Роми и за тоа никој не одговара… Дискриминацијата во нашето општество е длабоко вкоренета. Имаме случаи на расизам и дискриминација во секое поле, а тука е и сегрегацијата во основните училишта која, за жал, е во пораст во неколку општини.
Трн: Со кого соработувате во оваа настојување и борба за подобрување на состојбата на Ромите?
Елвис: Се донесовме во некоја ситуација во општеството да секој гледа за себе и многу се малку лицата кои што всушност даваат поддршка. Најчесто соработуваме со оние групи кои што на некој начин се наоѓаат на иста или слична позиција со нашата заедница, така да генерална поддршка доаѓа од нивна страна и мора од тука да упатам апел дека за ваков тип на прашања со кој што се соочува заедницата и другите маргинализирани групи во општеството треба да се има поддршката од сите граѓани бидејќи на крајот на краиштата живееме тука и допринесуваме во ова општество, така да секому треба да му е од корист да ја извлечеме самата заедница од ситуацијата во која се наоѓа.
Трн: Кои се активностите на Ромалитико периодов
Елвис: Имаме 4 активни проекти од кои јас би дал малку поголем фокус на имплементацијата на два механизми поддржани од УСАИД во изминатите 5 години. Едниот проект е фокусиран во делот на давање на сервиси. Имаме 20 локални канцеларии во 20 општини и опфаќаме 95 % од ромското население и даваме правна поддршка. Имаме правни монитори и бизнис фасилитатори кои што им помагаат на ромските претприемачи да го легализираат и да го пораснат својот бизнис. Бизнис советниците на секојдневна основа пребаруваат активни огласи за вработување и прават поврзување со огласите каде што се бараат работници. Во изминатите 4 години имаме вработено 420 Роми во овој дел. Преку овој проект даваме шанса на оние кои немале можност да го дооформат своето образование, а тоа се многу голем број Роми. Вклучивме 97 лица да го докомплетираат своето образование, меѓутоа целта сега ни е да опфатиме поголема група. Со вториод проект правиме инфраструктирни зафати. Асфалтираме улици, поставуваме јавно осветлување, уредуваме паркови, училишта, зеленило…
Трн: Што преставува наградата на Стејт департментот за ромската заедница?
Елвис: За нас тоа е доказ за нашата работа, за тоа што имаме постигнато и мора да кажам дека покрај толку резултати ова е само една капка во океанот, бидејќи заедницата се соочува со голем број на проблеми. Но, од друга страна ми дава многу поголема одговорност за уште повеќе да направиме. Со оваа награда самата заедница смета дека САД ни се сојузник во борбата за подобро утре на заедницата.
Со Елвис Шакири разговараше Васко Лазаревски за Трн.мк