Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, ги повика Кина, ЕУ и САД да работат заедно

Европа треба да работи заедно со Кина, а Пекинг треба да работи заедно со САД, изјави денеска високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел. Тој додаде дека во овој момент таквата потреба е поголема од кога било.

– Моето прашање до Кина е како да ја направиме оваа меѓузависност помалку конфликтна, рече Борел во говорот на Универзитетот во Пекинг како дел од неговата тридневна посета на Кина.

Посетата на Борел на Кина се случи неколку дена по избувнувањето на војната меѓу Хамас и Израел, во врска со која дипломатот број еден свика итен состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ. Кина од своја страна ги повика сите страни во конфликтот да го прекинат огнот.

Најново