Шефот на привремените сили на Обединетите нации во јужен Либан (УНИФИЛ) денеска предупреди дека ескалацијата на насилството меѓу Израел и Хезболах во јужен Либан може да биде „погубна“.
Коментарите на командантот на УНИФИЛ, генерал Аролдо Лазаро, дојдоа кога прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа се чини дека донесе мир и на израелско-либанската граница, пишува ДПА.
Во надеж за „долгорочни решенија“, Лазаро ги повика Израел и милитантната група Хезболах „да го прекинат овој циклус на насилство“.
– Секоја понатамошна ескалација во јужен Либан може да има катастрофални последици, рече тој.