„Турција, заедно со Египет и Саудиска Арабија, навистина треба да го стави на дневен ред прашањето за заедничка безбедност, заедно со економските, трговските и технолошките прашања“, рече Фидан во вшерашното интервју за египетската телевизиска станица МБЦ Маср.
За време на интервјуто, Фидан изрази оптимизам за воспоставување единствена безбедносна платформа за арапските и исламските земји, наведувајќи ги зрелите структури на националните држави во рамките на Организацијата за исламска соработка (ОИС) и земјите-членки на Арапската лига.
„Мислам дека тоа може да се случи. Бидејќи кога гледаме други примери низ целиот свет, тоа е прашање на политички системи. Исто така, тоа е прашање на постигнување на заеднички идеал“, рече Фидан.
Турскиот министер за надворешни работи, исто така, ја истакна трансформацијата на регионалната динамика поради постапките на Израел во последните месеци, особено забележувајќи го неодамнешниот напад врз Катар.
„Нападот врз Катар промени многу работи. Се чини дека Израел веќе ги пресметал сите свои ризици и го претворил регионалниот експанзионизам во политика надвор од палестинското прашање“, додаде Фидан.