Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шефовите на ГШ на САД и Кина дискутираа за прашања поврзани со безбедноста

Шефот на Генералштабот на американските воени сили, генерал Чарлс К. Браун, разговараше денеска со Лу Ченли, раководител на Генералштабот на Централниот воен совет на Кина. 

Генералите Браун и Ченли разговараа преку видео врска и отворија дискусија за „низа прашања околу глабалната и регионалната безбедност“, се вели во соопштението од кабинетот на Браун. 

Ова беше прв разговор на Браун со свој кинески колега откако тој стапи на фунцијата и во септември беше утврден од Сенатот како највисоко воено службено лице, се вели во соопштението. Тој е 21. шеф на Генералштабот на армијата на САД и прв Афроамериканец на најважната воена функција.

Армиските контакти меѓу Кина и САД беа прекинати откако Ненси Пелоси, тогашен спикер на Претставничкиот дом, го посети Тајван во август 2022 година. 

Пентагон минатата недела изјави дека САД ги координираат свиот акции со Пекинг, за да се одржат разговори меѓу армиите на двете земји, кои се сметаат за најмоќни во светот. 

Во ноември, претседатело Џо Бајден и кинескиот лидер Си Џинпин на самитот во Калифорнија се договорија да ги обноват таквите контакти.

Треба да знаете
Moже да ве интересира