Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шилегов: Улицата „Втора македонска бригада“ никогаш не беше избришана во Скопје

Улицата „Втора македонска бригада“ никогаш не била избришана, туку само преместена на друга улица, објави на својот Фејсбук профил поранешниот градоналачникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Улицата ‘Втора Македонска бригада’ никогаш не беше избришана во Скопје. Втората македонска бригада е дел од најсветлата македонска историја. Историјата на НОБ и партизанското движење. Така било, така и ќе остане. Популистичките изјави од која било страна, се резултат на тотална неинформираност или свесна манипулација со јавноста. Ја нема таа сила која што мене би ме натерала да се откажам од светата борба за национална слобода на македонскиот народ, објави Шилегов на Фејсбук.

Поранешната ул. „Ловќенска 9”, се вика улица „Втора Македонска бригада“. Но, како што веќе беше кажано од моја страна, национализмот (чиј и да е) е прибежиште на наспособните, додава Шилегов.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска до Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“ која сега го носи името „Адем Демачи“. Воедно побара во Приштина улица да биде именувана Тодор Александров.

„Ги повикувам сите советници во Советот на Град Скопје да гласаат во корист на оваа предлог одлука, со која ќе се исправи неправдата кон 230 херои, припадници на Втората македонска бригада од сите етникуми кои го дале својот живот за одбрана на Македонија. Апелирам, оваа иницијатива да не се политизира ниту пак да се злоупотребува за кревање на етнички тензии, особено поради фактот што најголемиот дел од хероите, покрај Македонци биле токму Албанци, Роми и Власи“, изјави Арсовска.

На 11 август 2023 година во скопската населба Чаир во присуство на премиерот на Косово, Албин Курти, улицата во помен на партизаните „Втора македонска ударна бригада“, беше преименувана по политичарот од Косово и книжевник, Адем Демачи.

Д.М. (ЦивилМедиа)

Најново