Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шкријељ: Синоќешното однесување на директорот на Канал 5 е директен атак врз она што треба да е основен стандард на независното новинарство

Синоќешното однесување на директорот на Канал 5 е директен атак врз она што треба да е основен стандард на независното новинарство и независната уредувачка политика. Цензурата и спречувањето на слободата на говор ги живеевме долги години и синоќа се потсетивме како изгледаат, истакна  пратеничката Санела Шкријељ во изјава за Цивил.

Дебатите и дебатните емисии постојат за да се изразат различни ставови и отворено да се разговара за сите општествени прашања, вели пратеничката.

Не смееме да дозволиме урнисување на медиумите и повторно заробување на слободата на говор, како што впрочем имавме со години во времето на ВМРО ДПМНЕ. Слободата на медиумите е на највисоко ниво досега и за тоа мора да се бориме сите, категорична е Шкријељ.

Д. Мишев (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен