Шок во Лондон – руски хакери објавија стотици доверливи документи на британската војска

Британското Министерство за одбрана започна истрага поради тврдењата дека руски хакери украле и објавиле стотици доверливи воени документи на таканаречениот dark web, јавуваат британските медиуми.

Според весникот Mail on Sunday, во протечените датотеки има податоци за осум бази на Кралското воено воздухопловство и морнарица, како и имиња и мејл-адреси на вработени во Министерството за одбрана.

Хакерите, наводно, добиле пристап до документите преку сајбер напад врз градежната компанија „Dodd Group“, која работи на одржување и изградба на воени објекти.

Портпарол на Министерството изјави дека институцијата „применува робустен и проактивен пристап кон кибернетските закани што може да претставуваат ризик за националните интереси“.

„Активно ја истражуваме можноста дека информации поврзани со Министерството се објавени на dark web. Од безбедносни причини, не можеме да откриваме дополнителни детали“, соопшти портпаролот.

Меѓу компромитираните информации се наведуваат чувствителни податоци за бази како RAF Lakenheath во Сафолк, каде се стационирани американски авиони F-35.

Ова е најновиот во низата инциденти со истекување на податоци во британското Министерство за одбрана. Минатата година беа објавени лични и банкарски информации на повеќе од 272.000 војници и ветерани, а сличен пропуст се случи и во февруари 2022 година, кога по грешка беа обелоденети податоци на лица поврзани со „Рутата на одговор за Авганистан“.

Овој инцидент повторно го отвора прашањето за кибер-безбедноста на британските одбранбени системи и потенцијалната ранливост на чувствителните воени податоци.

Зачлени се на нашиот е-билтен