Шок во програмата во живо: Освојува олимписки медал, а потоа признава дека ја изневерил девојката (ВИДЕО)

Норвешкиот биатлонец низ солзи ја призна измамата

Норвешкиот биатлонец Стурла Холм Лагрид го освои бронзениот медал во поединечна трка на 20 километри на Зимските олимписки игри во Италија.

По натпреварот, Лагрид застана пред ТВ камерите, но наместо да биде среќен за медалот, раскажа приказна за својот приватен живот и дека ја изневерил девојката.

„Постои некој со кого сакав да го споделам ова, кој можеби денес не го гледа ова. Пред шест месеци ја запознав љубовта на мојот живот, најубавата и најљубезната личност на светот. А пред три месеци ја направив мојата најголема грешка и ја изневерив“, рече 28-годишниот Норвежанец.

Лагрид не застана тука.

„Сакав да бидам добар пример. Бев неверен и морав да ѝ ја кажам вистината. Тоа беше најтешката недела во мојот живот.“

Лагрид ја даде оваа емотивна изјава со солзи во очите.

Зачлени се на нашиот е-билтен