Шокантна фотографија: Трамп со Нобелов медал (ФОТО)

На социјлние мрежи е споделена фотографија од Трамп со Нобеловиот медал околу вратот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сподели на социјалните мрежи фотографија од американскиот претседател Доналд Трамп со Нобеловиот медал околу вратот, кој е генериран од вештачка интелигенција (ВИ).

„Дајте му ја Нобеловата награда за мир на Доналд Трамп – тој ја заслужува“, напиша Нетанјаху на платформата X, откако утрово беа објавени прекинот на огнот и договорот за ослободување на заложниците во Газа, објави The Times of Israel.

Нетанјаху претходно го номинираше американскиот претседател за Нобелова награда, која американскиот лидер не ја криеше својата желба да ја освои.

Нобеловиот комитет, утре ќе го објави името на овогодинешниот добитник на Нобеловата награда за мир.

Зачлени се на нашиот е-билтен