Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шолц: Дијалогот со Путин е неопходен и подготвен сум да го продолжам

 Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин е неопходен и дека тој ќе го продолжи.

„Денес, во оваа ситуација, потребно е да се разговара со него повторно и повторно. Тоа го правев во минатото и ќе го направам повторно во иднина. Но, за разговорите меѓу Украина и Русија потребен е одлучувачки чекор од руската страна, а тоа значи повлекување на војниците. За тоа Владимир Путин очигледно се уште не е подготвен“, рече Шолц во интервју за германскиот весник „Хајлбронер штиме“.

Германскиот канцелар рече дека Путин планирал да ги оствари своите цели во Украина во рок од две недели, а тоа не успеа. 

Зачлени се на нашиот е-билтен