Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шолц ги посети поплавените подрачја во северозападниот дел на Германија

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените подрачја во северозападниот дел на земјата, каде по неколкунеделните обилни врнежи реките се излеаја и поплавија домови, полиња и патишта.

Шолц слета во градот Верден во Долна Саксонија, каде насипите покрај реките беа натопени и блиску до пукање во некои делови на германската покраина.

Во изјава за новинарите, германскиот канцелар им се заблагодари на противпожарната служба, полицијата, федералната агенција за техничката помош и германските вооружени сили.

Тој, исто така, изрази благодарност до „безбројните граѓани на земјата кои сега го жртвуваат своето време и се ставаат во опасност за да обезбедат безбедност за сите нас“.

Илјадници волонтери помогнаа да се пополнат и дистрибуираат милиони вреќи со песок што се користат за заштита на домовите од поплави, рече гувернерот на Долна Саксонија, Стефан Веил, кој го придружуваше Шолц во посетата на тешко погодениот регион.

– Верувам дека тоа покажува дека кај нас постои солидарност и подготвеност да се држиме заедно, заклучи Шолц.

Германскиот канцелар вети дека федералната влада ќе им помогне на погодените германски покраини и локални власти да се справат со кризата на „најдобар можен начин“. 

Најново