Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шолц го осуди нападот со молотови коктели врз синагога во Берлин

Германскиот канцелар Олаф Шолц остро го осуди денешниот напад со молотови коктели врз синагога во Берлин, нагласувајќи дека Германија никогаш нема да прифати напади врз еврејските институции.

Шолц, кој разговараше со новинарите за време на посетата на Египет, рече дека Германија нема да прифати насилни и антисемитски протести и дека заштитата на еврејските институции дополнително ќе се зајакне.

„Лично сум згрозен од она што некои од нив викаат и прават, и убеден сум дека германските граѓани го имаат истото мислење како мене“, рече тој. 

Зачлени се на нашиот е-билтен