Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шолц: Мирот во Украина е можен во секој момент, само ако Путин ги повлече војниците

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека мирот во Украина е можен во секој момент доколку рускиот претседател Владимир Путин ја прекине својата, како што наведе, „варварска“ кампања и ги повлече војниците.

Шолц за „Маркише Алгемајне цајтунг“ рече дека секогаш имало иницијативи за посредување.

„На пример, веднаш по избувнувањето на војната, Русија и Украина директно преговараа меѓу себе. Преговорите потоа пропаднаа затоа што Русија ги искористи само како изговор за истовремено да ги премести своите трупи на исток за голема офанзива“, посочи германскиот канцелар.

Како што тврди тој, токму тогаш на виделина излегле „масакрите“ во Буча и Ирпин – неверојатни злосторства против човековите права извршени од руските вооружени сили врз цивилното население, што ги лишило разговорите од секаква основа.

„Малку подоцна се разговараше за договорот за жито, со успех. За жал, Путин во одреден момент повторно го откажа“, додаде Шолц.

Тој изјави дека имало разговори и за безбедноста во нуклеарната централа Запорожје и за размена на затвореници. 

Зачлени се на нашиот е-билтен