Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шолц: Премногу бегалци доаѓаат во Германија

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска нагласи дека е неопходно да се намали бројот на бегалци.

„Во моментов бројот на бегалци кои доаѓаат во Германија е превисок“, изјави Шолц во интервју за РНД. Тој смета дека е неприфатливо најголемиот дел бегалци да доаѓаат во Германија без претходно да бидат регистрирани во некоја од земјите на Европската унија.

„Дефинитивно, ситуацијата не смее да остане иста како досега. Повеќе од 70 отсто од бегалците кои доаѓаат во Германија не биле претходно регистрирани, иако сите поминале низ една од земјите на ЕУ“.

Од мерките што федералната влада досега ги презеде за да го намали приливот на бегалци, Шолц ја наведе „целосната поддршка“ за подобра безбедност на надворешните граници на ЕУ и воведувањето шенген гранични контроли кон Швајцарија и Чешка.

Тој им вети на претставниците на градовите и општините кои со месеци алармираат поради немањето капацитет за сместување на новодојдените бегалци и најави вонреден состанок на кој треба да се разговара за логистичките проблеми со сместувањето.

Шолц, и покрај разликите во мислењата во неговата коалициска влада составена од социјалдемократи, зелени и либерали, рече дека неговата влада е целосно обединета во ставот дека нерегуларната миграција во Европската унија мора да се запре. 

Зачлени се на нашиот е-билтен