Шпанскиот конзервативен лидер Алберто Нуњез Феихо не успеа да обезбеди доволно гласови во Долниот дом за да стане премиер.
Феихо, чија Народна партија освои најмногу места на изборите во јули, не успеа да убеди доволно пратеници од другите партии да го поддржат за да има апсолутно мнозинство.
Тој доби 172 гласа „за“, 178 „против“ и ниту еден воздржан.
Шпанскиот закон му дозволува да се обиде повторно в петок, кога просто мнозинство би било доволно за да стане премиер.
Неговата партија освои најмногу гласови и пратенички места на предвремените избори на 23 јули, пред социјалистите (ПСОЕ) на премиерот Педро Санчез.
Бидејќи ниту една партија не доби доволно поддршка од другите партии за да формира мнозинство за владеење, кралот Филип Шести одлучи дека прво на релативниот победник на изборите ќе му биде дозволено да се обиде да формира влада.