Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шпанија и нуди на Украина нови системи за ПВО за одбрана од дронови

Мадрид

 Шпанија и понуди на Украина нови системи за противвоздушна одбрана за заштита од беспилотни летала, изјави извор од шпанската влада.

Со тоа Украина дополнително ќе ја штити својата енергетска и пристанишна инфраструктура, додал изворот.

Шпанската армија ќе ги обучува и украинските војници да ги користат тие системи и ќе обезбеди повеќе опрема за деминирање, пишува Гардијан.

Киев претходно денеска соопшти дека повеќе од 26.000 луѓе, меѓу кои и многу цивили, сè уште се водат за исчезнати од почетокот на руската инвазија врз Украина.

– Досега се трага по повеќе од 26.000 луѓе, кои се водат за исчезнати под посебни околности. Од нив, 11.000 се цивили, а околу 15.000 се воени лица, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Леонид Тимченко на националната телевизија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен