Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шпанија нарача 16 авиони „Ербас Ц295“ за поморска патрола и набљудувачки операции

 Шпанското Министерство за одбрана нарача 16 авиони „Ербас Ц295“ наменети за поморска патрола и набљудувачки операции, јави ДПА, повикувајќи се на европската авиокомпанија.

Новиот авион ќе и овозможи на шпанската армија „да го зајакне националниот капацитет за борба со подморници и да ги зголеми и подобри единиците за надзор,разузнавање, пребарување и спасување“, се вели во соопштението на компанијата.

Договорот е вреден 1,7 милијарди евра и вклучува системи за обука преку симулација на летање и мисии, како и иницијален пакет за логистичка поддршка. Авионите ќе се склопуваат во воените капацитети на компанијата во шпанскиот град Севиља, соопштија од „Ербас“.

„Авионите ќе бидат целосно проектирани и произведени во Шпанија, со што ќе се поддржи националната одбранбена индустрија и суверенитетот (на земјата)“, рече Мајк Шолхорн, шеф на „Ербас“ за одбрана и вселена.

Зачлени се на нашиот е-билтен