Шпанската престолонаследничка Леонор самостојно леташе со воен тренажен авион

Шпанската престолонаследничка Леонор де Бурбон, наследничка на тронот и принцеза од Астурија, самостојно управуваше со воен тренажен авион во рамки на својата обука во Воздушно-вселенската академија во Сан Хавиер, Мурсија. Кралската куќа на Шпанија објави дека нејзиниот прв самостоен лет бил реализиран на 19 декември 2025 година.

Станува збор за авион Pilatus PC-21, кој се користи за обука на пилоти, а не за фронтово борбено дејствување. Дел од медиумите го опишаа како „борбен авион“, но официјалните шпански извори го наведуваат како тренажен авион на академијата.

Леонор е во третата и последна година од трогодишната воена обука договорена меѓу шпанската влада и кралската куќа. Програмата почна во август 2023 во Воената академија во Сарагоса, продолжи со поморска обука, а завршната фаза ја посетува во Генералната воздухопловна и вселенска академија во Сан Хавиер.

Според официјалната страница на шпанската кралска куќа, летот на Леонор беше евидентиран како нејзин прв соло-лет во академијата. Во шпанските медиуми и во публикации на Министерството за одбрана тој настан беше забележан како важен чекор во нејзината пилотска обука.

Зачлени се на нашиот е-билтен