Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шпанската влада за закон за амнестија го отвора патот за враќање на прогонетиот Пучдемон

 Владејачката шпанска Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на премиерот Педро Санчез и каталонската сепаратистичка формација „Заедно за слободата“ (ЈхКат) се договорија некои конкретни терористички дела да бидат вметнати во идниот Закон за амнестија, пишува Еурактив, со оценката дека со ваквото решение се отвора патот поранешниот каталонски претседател, Карлес Пучдемон, да се врати во Шпанија. 

Вклучувањето на овие акти во амнестијата беше барање на ЈхКат да продолжи да ја поддржува коалициската влада на Санчез. 

-ПСОЕ на премиерот Педро Санчез и каталонската сепаратистичка група Заедно за слободни (JxCat) се согласија  некои конкретни терористички дела да бидат дел од идниот закон за амнестија, отворајќи го патот за поранешниот прогонет каталонски претседател Карлес Пучдемон да се врати во Шпанија, изјави  Мигел Тељадо, портпарол на опозициската Народна партија. 

Пучдемон во 2017 година побегна во Белгија под закана дека ќе биде уапсен поради бунт, по неуспешниот референдум за независност на Каталонија, што беше организиран истата година. 

Најново