Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шпанскиот премиер Санчез го повика Израел да го запре убивањето на Палестинците во Газа

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска побара „итен прекин на огнот“ во Газа и го повика Израел да го запре „убивањето на Палестинците“.

„Бараме од Израел итен прекин на огнот и стриктно почитување на меѓународното хуманитарно право кое денес очигледно не се почитува“, рече Санчез во својот инаугуративен говор во Парламентот.

Тој подвлече дека не треба да се сомнева дека Шпанија е со Израел кога станува збор за одговорите на терористичкиот напад што оваа земја го претрпе во октомври.

„Шпанија, исто така, бара итно ослободување на заложниците кои ги зеде палестинското исламистичко движење Хамас по нападот на 7 октомври. Ние, исто така, отворено го отфрламе убивањето на Палестинците во Газа и на Западниот Брег“, додаде Санчез.

Тој најави дека неговата влада во Европа и Шпанија ќе се залага за признавање на палестинска држава.

Зачлени се на нашиот е-билтен