Доколку Израел го отстрани раководството на Хамас од Појасот Газа, како што е планирано, Палестинската управа нема повторно да го преземе управувањето со оваа територија, освен доколку не дојде до „сеопфатно решение“ што го вклучува и Западниот Брег, изјави денеска палестинскиот премиер Мохамед Штаех.
-Палестинските власти да отидат во Газа и да владеат со неа, без политичко решение за Западниот Брег, е исто како да се качат на авион Ф-16 или на израелски тенк? Јас не го прифаќам тоа. Нашиот претседател Махмуд Абас не го прифаќа тоа. Никој од нас нема да го прифати тоа, рече Штаех, пренесува Гардијан.
Палестинскиот премиер посочи дека е потребно решение за Западниот Брег, како и Газа потоа да се вклучи во решението за две држави.
-Мислам дека е потребна сеопфатна, мирна визија, рече Штаех.