Европската унија веќе се подготвува за период кога граѓаните ќе имаат свој дигитален идентитет — од возачка дозвола, преку лична карта и патна исправа, сето тоа дигитално.
„Digital Identity Wallet“ (Дигитален идентитетски новчаник) на ЕУ предвидува дека сите членки ќе овозможат до крајот на 2026 година државите да им го понудат на граѓаните, а целта е до 2030 година да го користат 80 % од граѓаните на Унијата.
Иако некои земји веќе започнале со тестирање на овој новчаник, досега не се покажал голем интерес кај граѓаните.
Што значи тоа за корисникот?
Концептот подразбира дека дигиталниот новчаник ќе овозможи создавање дигитален идентитет кој ќе биде ековалентен на физичкиот идентитет. Тоа значи дека преку него ќе може да се идентификуваш, да покажеш документи и да се потпишеш дигитално — и сé тоа со истата правна тежина како во физичката форма.
Заштитата на личните податоци е дел од суштината на овој систем — користат се напредни технологии како енкрипција, двофакторска автентикација и метода „zero-knowledge proofs“ што овозможува проверка на идентитетот без откривање на повеќе лични податоци од неопходното.
Системот е замислен така што корисникот има целосен контрол над тоа кои податоци ги споделува и со кого.
Колку е сигурен?
Самиот технички концепт може да биде многу сигурен, но клучна е правилната имплементација, надзор и етичка примена за да се изгради доверба. Секој систем носи ризици — не само технички, туку и преку човечки фактори (на пр. фишинг, социјален инженеринг, злоупотреба на податоци).
Еден од основните механизми за заштита е децентрализацијата: податоците не се складираат на едно место, туку индивидуално — во својот уред, со што се намалува ризикот од масовно „цурење“ на податоци.
Покрај техничките мерки, законодавството како што се правилата на GDPR и eIDAS 2.0 (во ЕУ) прецизно одредува кои институции можат да пристапат до податоците и за кои цели.
Статус за Северна Македонија
- Министерството за дигитална трансформација информира дека работи на воведување на „дигитален новчаник“ за граѓаните, кој ќе ги содржи личните документи, но ќе биде опционален, не обврзувачки, нагласи министерот Стефан Андоновски.
- Апликацијата „m.Uslugi“ е пуштена во тест-фаза (крајот на 2025), преку која граѓаните ќе можат да ги имаат своите документи (вклучувајќи и лична карта) директно на мобилен телефон.
- Македонија ги усогласува законодавството и техничката инфраструктура за е-идентификација и доверливи услуги („trust services“) со ЕУ регулативите во областа, преку работи како што е Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.
- Сепак, оценките укажуваат дека државата се соочува со предизвици: инфраструктурата, бројот на електронски услуги и корисничката удобност сè уште се во развој.
Северна Македонија е активно вклучена во процесот на создавање на дигиталниот идентитет и дигитален новчаник, но сè уште е во фаза на подготовка, тестирање и уредување на законодавствени и технички предуслови.
