Украина потврди дека нападнала голема рафинерија за нафта на територијата на Русија со британски крстосувачки ракети „Олујна сенка“ (Стром Шедоу) , со што нанела нов удар врз енергетската инфраструктура на Москва.
Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека нејзините воздухопловни сили ја погодиле рафинеријата за нафта Новошахтинск во рускиот Ростовски регион, каде што се регистрирани „серија експлозии“.
Стратешки удар врз руската логистика
Во официјалното соопштение на украинската армија се наведува дека нападот бил успешен.
„Единиците на воздухопловните сили успешно ја погодија фабриката за нафтени производи Новошахтинск во Ростовскиот регион на Руската Федерација со крстосувачки ракети „Олујна сенка“ лансирани од воздух“, се наведува во соопштението.
Киев истакнува дека рафинеријата Новошахтинск е клучен снабдувач со гориво на југот на Русија и дека игра директна улога во поддршката на руската армија, која ја снабдува со дизел гориво и млазен керозин.
L'Ucraina ha attaccato una delle più grandi raffinerie di petrolio nel sud della Russia, la Novoshakhtinsk Oil Refinery ("NZNP"), capacità di fino a 7,5 milioni di tonnellate di petrolio all'anno.
— jacopo iacoboni (@jacopo_iacoboni) December 25, 2025
L’attacco sarebbe avvenuto con missili Storm Shadow pic.twitter.com/uOwMmvM7ak
Прва употреба на ракети „Сторм Шедоу“ врз оваа цел
Објектот бил цел на украински напади најмалку шест пати од почетокот на руската инвазија, а првиот регистриран напад се случил во март 2024 година. Сепак, вчерашниот напад претставува прва потврдена употреба на ракети „Сторм Шедоу“ против оваа рафинерија.
Објектот се наоѓа на околу 175 километри од територијата под украинска контрола, додека ракетите „Сторм Шедоу“ имаат дострел од повеќе од 250 километри.
Нападите врз енергетската и логистичката инфраструктура длабоко на руска територија се дел од пошироката украинска стратегија. Со овие акции, Киев се стреми да се спротивстави на речиси секојдневните руски ракетни и беспилотни летала напади, таргетирајќи објекти кои се критични за одржување на воените напори на Русија.
Што е „Сторм Шедоу“?
Според производителот, „Сторм Шедоу“ се крстосувачки ракети со дострел од повеќе од 250 километри. Овие ракети се лансираат од авиони, а нивниот долг дострел им овозможува на украинските пилоти да работат од позиции подалеку од фронтовската линија, кои затоа се побезбедни од руската воздушна одбрана.
По лансирањето, ракетата „Storm Shadow“ се спушта на мала надморска височина за да избегне откривање од непријателските радари, а потоа инфрацрвен систем ја насочува кон целта.