Што ќе направи Европа ако Трамп го земе Гренланд?

Лидерот на најголемата опозициска партија во Гренланд - Налерак, Пеле Броберг, денеска изјави дека Гренланд треба да води директни преговори со американската влада без посредништво на Данска.

Европската Унија разгледа каков би бил европскиот одговор ако се покаже дека заканата од САД во врска со преземањето на Гренланд, полуавтономна територија на Данска, е реална, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас.

„Пораките што ги слушаме за Гренланд се исклучително загрижувачки“, изјави Калас на прес-конференција со египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати во Каиро, според Ројтерс.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, сè уште е посветен на НАТО алијансата, додека во исто време неговиот тим за национална безбедност ја разгледува можноста САД да го купат Гренланд, изјави вчера портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

Лидерот на најголемата опозициска партија во Гренланд – Налерак, Пеле Броберг, денеска изјави дека Гренланд треба да води директни преговори со американската влада без посредништво на Данска.

„Ја охрабруваме нашата влада да започне дијалог со американската влада без Данска“, изјави Броберг, лидер на опозициската партија Налерак, која се залага за независност на Гренланд, пренесува Ројтерс. Тој рече дека Данска со своето посредништво ги антагонизира и Гренланд и САД.

Зачлени се на нашиот е-билтен