Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Што предвидува договорот со Фронтекс и кои се обврските на Македонија

Агенцијата за гранична и крајбрежна стража на ЕУ Фронтекс ќе обезбеди оперативна поддршка во граничното управување со Северна Македонија, „со целосно почитување на основните права“, според вчера усвоениот договор од пратениците на Европскиот парламент.

Фронтекс ќе распореди свои тимови за поддршка на властите во Северна Македонија во управувањето со мигрантите на границата на земјата, која се наоѓа на таканаречената Балканска рута што ја користат мигрантите за да стигнат од југоисточна кон западна Европа.

Ова е „склучување на меѓународен договор меѓу ЕУ и Република Северна Македонија“, се вели во соопштението за медиумите на оваа тема објавено од Европскиот парламент.

Овој договор обезбедува правна рамка за распоредување тимови од постојаниот корпус на Фронтекс со цел да се поддржат северномакедонските власти во активностите за управување со границите и да одговорат на миграциските и безбедносните предизвици долж западнобалканската рута, пишува Еуроактив.

Според договорот, заеднички оперативни активности се започнуваат на барање на властите на Северна Македонија и се засноваат на оперативен план. Персоналот мора целосно да ги почитува основните права, вклучително и пристапот до процедурите за азил и човечкото достоинство, и да посвети особено внимание на ранливите групи. Службеникот за фундаментални права на Фронтекс ќе ги следи оперативните активности и може да врши посети на лице место. Покрај тоа, најмалку еден службеник за основни права ќе биде назначен за секоја оперативна активност.

Детално, заедничките активности треба да ги побараат властите во Северна Македонија, врз основа на оперативен план.

Договорот ќе стапи во сила два месеци откако ЕУ и Северна Македонија ќе го известат завршувањето на внатрешните процедури за ратификација.

Според текстот на договорот, „персоналот мора целосно да ги почитува основните права, вклучително и пристапот до процедурите за азил и човечкото достоинство, и да посвети особено внимание на ранливите групи“. За да се обезбеди тоа, предлогот предвидува дека ќе има посебна канцеларија на Фронтекс задолжена за следење на човековите права.

Фронтекс, од друга страна се најде и на удар поради третманот на мигрантите откако документираните истраги и извештаи открија неправилности во постапувањето со мигрантите на границите, како што се незаконски туркања.

Во април 2022 година, тогашниот директор на Фронтекс Фабрис Легери поднесе оставка откако истрагата спроведена од Канцеларијата за борба против измами на ЕУ (ОЛАФ) откри неправилности во операциите на Фронтекс, со систематско кршење на човековите права.

Тогаш беше формирана привремена управа, со Аија Калнаја како преоден директор. Сепак, и Калнаја беше ставена под истрага, открија медиумите на ЕУ на 16 декември. Според нив, оваа истрага и ја ускратила можноста да биде потврдена како директорка.

Договорот ЕУ-Северна Македонија не е првиот договор кој има за цел да го прошири присуството на Фронтекс во трети земји со чувствителни области во однос на имигрантските рути, како што е Западен Балкан.

Во средината на ноември, Советот на ЕУ објави почеток на меѓународни преговори за зголемено присуство на Фронтекс во четири други земји од Западен Балкан – Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Во овој случај, меѓународниот договор ќе му овозможи на Фронтекс да „врши извршни овластувања“, како што се граничните проверки и регистрации.

С.К. (НоваТВ)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново