Што вели Мицкоски а што СДСМ: Тој е изгубен во сопствените лаги, реалноста е сиромашни граѓани, нови долгови и економски крах, потрошени пари за кој никој не знае каде

Социјалдемократите денешното излагање на Мицкоски „една година влада“ го оценикја како уште една потврда дека тој целосно се загубил помеѓу неговите лаги од една страна, и суровата вистина – реалноста од друга страна.

Тие јавно прашуваат ‘Дали човекот навистина верува во тоа што го зборува или пак знае дека текстот кој го читаше е само празно слово на хартија и нема врска со реалноста, нема врска со тешкиот живот на граѓаните?’

“Кој е одговорот граѓаните сметаме дека многу добро знаат. Мицкоски одново ги повторуваше истите празни флоскули, во очаен обид мислејќи дека една лага, повторена доволно пати, ќе може да се претвори во вистина“, велат од СДСМ.

Соред СДСМ, не може да биде точно, ниту реално, тврдењето дека Македонија е четврта најсилна економија во Европа. Вистината е сосема спротивна.

„Дури и Народната банка, со која раководи Трајко Славевски, ја ревидираше проекцијата за инфлацијата на околу 4% за оваа година, додека економскиот раст, според домашните институции, нема да надмине 3%. Тоа значи реален економски пад – ситуација полоша дури и од конфликтната 2001 година, кога Македонија оствари подобри резултати. Податоците на Евростат јасно и недвосмислено покажуваат: Македонија е последна во Европа по животен стандард. Најниската плата и најмалата куповна моќ се реалноста со која секојдневно се соочуваат граѓаните“, велат од СДСМ.

Во услови на ваква социјална и економска криза, Мицкоски тврди дека долгот бил намален. Но, според СДСМ, фактите говорат спротивно – само за една година, Македонија потпиша нови задолжувања од 7 милијарди евра, а најавени се уште 700 милиони за наредната година. Тоа значи дека за две години, долгот ќе достигне 12 милијарди евра – тројно повеќе од вкупниот акумулиран долг на државата во изминатите 35 години.

„Парите се потрошени, а никој не знае каде завршија“, велат од СДСМ.

Од СДСМ му порачача на Мицкоскки дека Македонија не се сака со лаги, ПР-спотови и долгови, туку дека вистинскиот патриотизам е да се работи за реално подобрување на животот на граѓаните, за повисоки плати, економски напредок и стабилност.

„Слоганите како „Најдоброто допрва доаѓа“ не можат да ја покријат суровата вистина – ако утрото покажува како ќе биде денот, Македонија со оваа власт ја чекаат уште потешки времиња“, велат од СДСМ, за вечерашното обраќање на Мицкоски.

Од друга страна пак, премиерот, Христијан Мицкоски во своето обраќање една година влада, се пофали дека во периодот кој следи ќе овозможи систем кој ќе може брзо да ја испорача правдата и во кој нема да може да функционира „бандитизмот“ создаден од политички и бизнис структури кои работат во широка коалиција, бидејќи, според него, од тоа ќе зависат многу следни политички случувања во државата.

„Во оваа една година отворивме силна борба против криминалот. Се започнаа акции против оние кои порано се сметаа за недопирливи. Денес тие неславни корифеи на неправдата се бегство од законот, а силно се удри и по нарко бандите особено во Скопје. Онаму каде сметам дека може подобро е борбата за независно судство и обвинителство кое сега го немаме. Не сум задоволен од динамиката на испорачување на правдата и постојат очигледни спреги меѓу тој свет и светот на политичката бизнис мафија која го конструирала тој систем против кој сакаме да се бориме и ако ме прашате мене јас очекувам одговорност и народот очекува одговорност и тоа мора да биде прва работа која ќе не води, да донесеме правда и да го урнеме тој систем на бандитизам создаден од политички и бизнис структури за кои нема ни етнички и политички разлики туку функционираат во широки коалиции. Тоа ќе биде мој најголем предизвик во периодот кој следи и од таа динамика ќе зависат многу следни политички случувања во државата, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на настанот по повод една година од Владата, под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“. 

Притоа тој се осврна и на како што рече, најтешкиот ден како премер, несреќата во Кочани.

-Таа несреќа, колку и да се трудат политички да ја злоупотребат е последица на со години руинираниот систем кој беше уништуван и дезавуиран. Јас не можев тоа да го спречам, но ќе направам се тоа да не се повтори. И како политички фаактор од првиот ден испратив реална порака дека правда мора да има и без оглед за кого се рботи мора да биде одговорност. Јас и денес стојам на истиот став а обвинителството е на тест да докаже вистина и судот да спроведе правда. Но исто така сакам да соопштам дека како Влада сме во преговори за обезбедување на историски највисокиот инвестициски пакет за обнова и подддршка на Кочани. Работиме на тоа да покажеме дека за нас е важно и дека граѓаните не се сами, рече премиерот.

Зачлени се на нашиот е-билтен