Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шукова: 3,3 милиони евра за нови автобуси на гас за Скопје, Битола, Тетово и Куманово

„Работиме на замена на нееколошките системи за греење. Во моментов почнува проект со средства на ЕУ во вредност од 10 милиони евра кој се фокусира на 4 градови – Скопје, Битола, Тетово и Куманово“, рече министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова во „24 анализа“ на ТВ24.

Министерката објасни дека со 5,5 милиони евра од проектот ќе се набават системи за замена на нееколошкото греење во овие градови, додека со 3,3 милиони ќе се набават нови автобуси на гас.

„Комуницираме директно со јавните објекти и ги проверуваме податоците. Се случува дел од институциите да обезбедуваат алтернативно гориво кое е нееколошко, но тоа не значи дека се загреваат на тоа. Правиме мапирање и тие податоци ќе ги искористиме за понатамошни активности кога ќе работиме за финансирање на проекти за замена на системите за загревање“, рече министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.

Таа додаде дека кога ќе се заврши мапирањето, кое ќе биде јавно објавено, министерството ќе има јасна слика за тоа кои објекти се уште се греат на мазут или други енергенси кои треба да се заменат.

Зачлени се на нашиот е-билтен