Шукова: Орце Ѓорѓиевски отворено ги брани дивоградбите

Кандидатката на СДСМ за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, на денешната прес конференција директно го обвини кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, дека „отворено го брани криминалното дивоградителство“ и дека, наместо решенија за урбанистичкиот хаос, „позира со коалициските партнери од ВЛЕН“.

„Додека Скопје се дави во урбанистички хаос, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, отворено го брани криминалното дивоградителство во Чаир. Наместо одговорност и решение, гледаме позирање со коалициските партнери од ВЛЕН – истите што го создадоа овој урбанистички хаос“, изјави Шукова.

Таа додаде дека, според неа, сликата е „истата и во Кисела Вода под водство на Ѓорѓиевски“. „Сомнителни тендери, исчезнато зеленило, планови креирани за бизнис-елити, а не за граѓани“, рече Шукова, потенцирајќи дека главниот град не може да поднесе „уште еден градоначалник кој ќе работи за профитот на владејачката елита“.

„Тој модел мора да биде поразен на изборите. Нашиот град е за живеење, а не партиска каса за богатење“, нагласи таа, повикувајќи на, како што ја нарече, „вистинска промена по 19 октомври“.

„Скопје мора да добие градоначалник кој нема да дели, туку ќе обединува, кој нема да фаворизира елити, туку ќе работи исклучиво за својот град“, порача Шукова.

Зачлени се на нашиот е-билтен