Актуелната министерка за финансии на Швајцарија, Карин Келер-Сатер ќе стане претседателка на земајта во 2025 година, откако нејзиниот избор беше одобрен од двата дома на Парламентот.
Од 1 јануари таа ќе ги преземе церемонијалните улоги како претседателка, покрај службените должности што ги има како министерка за финансии, согласно швајцарските закони. Седумте членови на владата наизменично ја извршуваат претседателската функција секоја година.
Келер-Сатер доаѓа од Слободната демократска партија (ФДП). Меѓутоа, во швајцарскиот систем, министрите се независни од исходот на парламентарните избори и првенствено одговараат на колегијалната влада, а не на нивните партии.
Келер-Сатер стана меѓународно позната во 2023 година кога ја презеде одговорноста за спасувањето на банката Кредит Свис (Credit Suisse). Таа го објави спасувачкиот пакет, кој вклучуваше преземање од ривалската банка УБС со првични државни гаранции.