Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шведска: Најголема закана по нашата безбедност е Русија

Русија претставува најголема закана за Шведска и нејзините сојузници до 2030 година, оцени денеска шведската Влада во најновата Стратегија за национална безбедност.

– Не треба да се исклучи вооружен напад врз Шведска или нејзините сојузници, се истакнува во документот.

Во јануари, командантот на шведските вооружени сили им порача на своите сограѓани „ментално да се подготват за војна“.

Министерот за одбрана Пал Јонсон наведе дека заканата од Русија ќе зависи од текот на војната во Украина. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново