Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Си Џинпинг: Кина е подготвена да соработува со САД за да можеме да одговориме на предизвиците

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека Кина е подготвена да соработува со САД, без оглед на меѓусебните разлики, за двете земји да можат заедно да одговорат на глобалните предизвици, пренесоа кинеските државни медиуми.

Во писмото доставено до присутните на годишната вечера на Националниот комитет за односи меѓу САД и Кина со седиште во Њујорк, Си напиша дека клучните односи во светот зависат од тоа дали двете земји ќе можат да воспостават соодветни односи меѓу себе.

Повикот на кинескиот претседател за градење постабилни билатерални врски, за кои рече дека треба да се градат врз принципите на меѓусебно почитување и мирен соживот, доаѓа пред клучната посета на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Вашингтон подоцна оваа недела.

Се очекува американскиот претседател Џо Бајден и Си да се сретнат во Сан Франциско на ноемврискиот самит на АПЕК.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан ќе се сретнат со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во петок во Вашингтон, објави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер. Според неа, на средбата ќе се разговара за отворените прашања меѓу двете земји. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен