Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сијарто: Изјавите за испраќање војници во Украина го зголемуваат ризикот од светска војна

 Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави денеска дека изјавите на официјални претставници на поедини членки на НАТО за испраќање воени трупи во Украина го зголемуваат ризикот од нова светска војна.

„Во ваква критична ситуација не се само акциите тие кои имаат значење, туку и зборовите имаа огромно значење. Значи, кога станува збор за изјавите за можноста за испраќање војници во Украина во име на одредени земји-членки на НАТО, навистина е опасно, бидејќи не сакаме да ја гледаме таа закана и застрашувачкиот ризик од избувнување на светска војна која се приближува“, рече Сијарто.

За време на состанокот со опозициските лидери на почетокот на март, францускиот претседател Емануел Макрон повтори дека Франција „нема граници и црвени линии“ кога станува збор за помошта на Украина, што вклучува и потенцијално испраќање копнени трупи. 

Зачлени се на нашиот е-билтен