Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сијарто: Унгарија и Украина ќе потпишат договор за граничен сообраќај

– Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека очекува Унгарија и Украина во понеделник да потпишат договор за граничен сообраќај, што ќе го отвори патот за нов премин меѓу двете земји.

„Денеска се состанавме во Будимпешта, Киев, Брисел и Унгарија, макар и виртуелно, за да продолжиме да работиме заедно. Унгарско-украинскиот договор за граничниот сообраќај конечно ќе биде потпишан во понеделник, што е добра основа за натамошен напредок“, напиша Сијарто на Фејсбук. 

Тој потсети дека на состанокот во Ужхород на почетокот на годинава беше донесена одлука за формирање работна група „со цел да се најде начин да се вратат сите права на унгарската заедница кои им беа одземени од 2015 година“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен