Унгарија нема да се приклучи на иницијативата предводена од Чешка за купување и испраќање муниција во Украина, објави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, за време на прес-конференција во Прага, цитиран од британските медиуми.
-Унгарија не испорача и нема да испорача никакво оружје на Украина. Ние не сме вклучени во никакви заеднички дејствија што би довеле до заедничко снабдување со оружје, рече Сијарто.