Сиљановска-Давкова: Да ги отвориме срцата и заедно да градиме благосостојба

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати божиќна честитка до граѓаните што го прославуваат Христовото раѓање – Божиќ, со порака празничниот мир „да влезе во секој дом“ и да биде поттик за добрина и меѓусебна помош.

Во пораката таа истакна дека Рождеството Христово потсетува на „безусловена помош и утеха“ за сите на кои им се потребни, а божиќните празници, според неа, ја зацврстуваат верата и надежта и нè враќаат на потребата од добри дела. Во тој дух повика „да ги отвориме ширум срцата“ и, сплотени, да ја градиме благосостојбата на македонското општество.

Сиљановска-Давкова испрати честитки и до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, како и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско-методистичката црква, Емил Заев, а честитката ја заврши со традиционалниот поздрав „Христос се роди!“.

Од кабинетот информираа и дека претседателката, како и секоја година, била посетена од групи деца и млади од бадниковите поворки и ги дарувала со бадникови пакетчиња.

Зачлени се на нашиот е-билтен